На МСУ во Свети Николе продолжи Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“ со втората и третата сесија

Денес во МАНУ започна Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад“
6 октомври 2021
На МСУ во Свети Николе заврши Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“ со четвртата сесија
10 октомври 2021

Околу 20 врвни филозофи од универзитети од САД, Србија, Русија, Словенија, Хрватска, Белгија, Грција, Австрија, Босна и Херцеговина, Германија, Унгарија и Северна Македонија деновиве земаат учество на Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“.

Втората и третата сесија на филозофскиот дијалог се одржаа на 7 октомври 2021 во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, со почеток од 10:00 часот. Во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Филозофското друштво на Македонија од 6 до 8 октомври 2021 година се одржува Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“, откако неговото одржување беше одложено поради пандемијата во 2020 година. Настанот беше хибриден и можеше да се следи, како и да се поставуваат прашања преку платформата Zoom.



На втората сесија, која започна во 10:00 часот, свои излагања имаа:

  • Ксенија Трофимова, научен соработник, Институт за етнологија и антропологија, Руска академија на науките, Москва, Русија на тема SPIRITUAL CONTINUITY AND THE WAY OF THINGS: DISCUSSING THE PAST WHILE CREATING MUSLIM NETWORKS IN ROMANI COMMUNITIES


  • Зринка Блажевиќ, професор, Катедра за историја, Факултет за хуманистички и општествени науки, Универзитет во Загреб, Хрватска на тема TEARS AND MEMORIES OF THE NATION: POETICS OF MEMORY AND AESTHETICS OF MOURNING IN THE FIRST CROATIAN NATIONAL EPOS


  • Вјеран Павлаковиќ, професор, Катедра за културни студии на Универзитетот во Риека, Хрватска на тема MIXING THE DOUGH FOR THE BREAD OF RECONCILIATION: CROAT-SERB RELATIONS AND CROATIA’S COMMEMORATIVE CULTURE


  • Ана Милошевиќ, научен соработник, Левен институт за криминологија (LINC), КУ Левен, Белгија на тема THE EFFECTS OF EUROPEANISATION ON MEMORY POLITICS IN THE BALKANS


Модератор на сесијата беше Наум Трајановски, кандидат за доктор на науки, Факултет за социјални истражувања, Институт за филозофија и социологија, Полска академија на науките во Варшава.



Третата сесија на филозофскиот дијалог се одржа на 7 октомври 2021 во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“, со почеток од 16:00 часот. На третата сесија свои излагања имаа:

  • Евангелос Д. Протопападакис, вонреден професор по применета етика, Национален и Каподистриски универзитет во Атина, Грција, на тема MESSING WITH AUTOBIOGRAPHICAL MEMORY: RECONSOLIDATION, IDENTITY, AND MORAL STATUS


 

  • Лука Требежник, асистент за истражување, Институт за филозофски студии, Научен и истражувачки центар, Копер, Словенија, на тема DECONSTRUCTION OF THE ANAMNESTIC PHILOSOPHY


  • Бошко Караџов, професор по филозофија и научен истражувач, Северна Македонија, на тема FORBIDDEN MEMORY AND HAUNTOLOGY OF THE PAST


  • Дарко Џого, протопрезвитер, вонреден професор, Православен богословски факултет „Свети Василиј Острошки“, Универзитет во Источно Сараево, Босна и Херцеговина, на тема DO WE REMEMBER THE WORLD BEFORE: POST-MODERNISM OF ONE DISEASE: ANTHROPOS, COSMOS, POLIS AND PANDEMIC


  • Ахил Клисурас, кандидат за доктор на науки, вработен во Специјална техничка лабораторија, Национален и Каподистриски универзитет во Атина, Грција, на тема REMEMBERING THROUGH COMICS: THE QUEST FOR PERSONAL AND COLLECTIVE IDENTITY IN ART SPIEGELMAN’S GRAPHIC NOVEL MAUS.