Се одржа 13-та Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“

На МСУ во Свети Николе заврши Шестиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“ со четвртата сесија
10 октомври 2021
Успешно се одржа 7. Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“
8 октомври 2022

На 10 јуни 2022 година (петок) се одржа 13-та Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“, која секоја година се одржува на Меѓународен Славјански Универзитет. Конференцијата се одржуваше истовремено и онлајн и со физичко присуство на МСУ во Свети Николе.

Научни насоки на конференцијата беа

  • Безбедносно инженерство и информатика,
  • Економија,
  • Филозофија, лингвистика и културологија,
  • Право и политикологија и
  • Психологија и образование.

Со поздравен говор на конференцијата се обратија проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ и проф. д-р Ирина Безукладова, директор на одделение за Меѓународна соработка, од Тамбовскиот државен Универзитет „Г. Р. Державин“ – Тамбов.

Модератор на конференцијата беше м-р Милена Спасовска, асистент на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет.