Повик за учество

Почитувани колеги,

Ве покануваме да учествувате на 14-тата меѓународна научна конференција «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД» (со објавување на трудовите во истоименото меѓународно списание), која ќе се одржи во Претор, Р. Северна Македонија, во периодот од 09-ти до 10-ти јуни, 2023 година. Годинава конференцијата ќе се одржи со физичко присуство.

Кликнете на сликата за да го преземете Информативното писмо во pdf формат.



Како и секоја година, конференцијата е со меѓународен Организациски и Уредувачки Одбор од следниве држави: Северна Македонија, Србија, Русија, Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина.