11-тата меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“ се одржа онлајн

Во Охрид заврши Петтиот филозофски дијалог „ИСТОК-ЗАПАД“
6 октомври 2019
Се одржа XII Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“
5 јуни 2021

Денес се одржа 11-тата по ред меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“, која секоја година се одржува на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ како заеднички проект во организација со Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија. Годинава конференцијата се одржа онлајн, поради тековните случувања со коронавирусот.



Околу 60 учесници ги презентираа своите трудови на четирите активни работни сесии:

  • Право и политикологија,
  • Економија
  • Педагогија и психологија и
  • Безбедносно инженерство и информатика.

Преку организирањето на оваа конференција, продолжува традицијата во креирање на отворен и конструктивен дијалог на актуелни теми во повеќе области.

Со поздравен говор на конференцијата се обратија д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Организациониот одбор на конференцијата, и ректорката на МСУ „Г. Р. Державин“, проф. д-р Ленче Петреска, која официјално го отвори настанот.

Сите трудови на учесниците се објавуваат во научно списание „Меѓународен дијалог: исток-запад“, во издание на официјалната издавачка куќа на универзитетот, Меѓународен центар за славјанска просвета.