Во Охрид заврши Петтиот филозофски дијалог „ИСТОК-ЗАПАД“

Во Битола продолжи Петтиот меѓународен филозофски дијалог
3 октомври 2019
11-тата меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“ се одржа онлајн
24 април 2020

Во конференциската сала на Hotel Palace Garden во Охрид заврши Петтиот филозофски дијалог „ИСТОК-ЗАПАД“.

На последната сесија од дијалогот, на 4ти октомври (петок), свои излагања имаа проф. д-р Дарко Џого од Босна и Херцеговина, проф. д-р Дејан Донев и г. Љубомир Гајдов од Северна Македонија и проф. д-р Георгиос Илиополус од Грција.



Тема на симпозиумот оваа година е “Кризата на идејата за Европа”, а е во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Меѓународен Славјански Универзитет “Г. Р. Державин”, Институтот за филозофија при Филозофски факултет (УКИМ) и Филозофското друштво на Северна Македонија.