Април 2021
Наслов:ЕФЕКТОТ ОД ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕТО НА СИСТЕМОТ ЗА
МЕНАЏМЕНТ СО КВАЛИТЕТ ВРЗ МОТИВАЦИЈАТА НА
ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Автор: Марија Јанкуловска, Лука Поповски, Меѓународен Славјански Универзитет
УДК број:005.5:[005.32:331.101.3(497.7
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302
АПСТРАКТ: Во овој труд се истражуваше дали постои ефект од
имплементирањето на Системот за менаџмент со квалитет односно ИСО
9001:2008 Стандардот врз мотивацијата на вработените во организациите.
Истражувањето беше спроведено преку неколку аспекти на мотивацијата, и
тоа: почит кон раководството, фер-плеј, финансиско вреднување, соодветен
работен/животен баланс, помал стрес и работна динамика на своето работно
место и можноста за соодветен личен професионален развој во својата
работа. Резултатите покажаа дека со имплементирањето на Системот
за менаџмент со квалитет се подобрува мотивацијата кај вработените.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: Систем за менаџирање со квалитет, мотивација, човечки
ресурси