МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА И ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ПАНДЕМИЈАТА

ЕКОНОМСКА ОТПОРНОСТ И НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
23 март 2022
КАК БИЗНЕСУ ПЕРЕЖИТЬ «КОРОНАКРИЗИС» В 2021 ГОДУ?
23 март 2022

Април 2021
Наслов:МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА И ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ПАНДЕМИЈАТА
Автор: Драган Ѓурчевски,Гуле Гулев, Горанчо Јакимов, Меѓународен Славјански Универзитет
УДК број:338.14]: 616.98:578.834}-036.21(497.7)”2020”
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Кризата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата е најголемата
здравствена и економска криза со која досега се соочиле земјите во светот.
Силниот удар од КОВИД-19 пандемијата предизвика драматични последици врз
македонската економија во текот на 2020 година. На самиот почеток на 2020 година,
во услови на здравствена и финансиска криза и во време кое налагаше итна реакција,
Владата донесе низа економски мерки во обид да се справи со негативните ефекти
од корона кризата. Во текот на 2020 година следеа четири пакети на економски
мерки за амортизирање на првите удари од кризата, заживување на македонската
економија преку директна поддршка на граѓаните и стопанството, обезбедување
одржливост на работните места, закрепнување на одредени дејности, како и
обезбедување стабилност на социјалните трансфери и креирање политики за брз
излез од кризата. Анализирајќи ја македонската економија во услови на КОВИД-19
пандемијата може да се констатира дека помошта од државата преку спроведените
економски мерки од страна на Владата на Република Македонија беа добродојдени
за стопанството, но само за одржување на кондиција за привремено пребродување
на кризата. Со цел македонската економија да ја надмине најголемата здравственоекономска криза во историјата на земјата и да се врати во нормала, во периодот
што следи, неопходни се дополнителни добро осмислени економски мерки и итно
решавање на системските слабости во државата. Периодот што претстои е сѐ уште
критичен и сосема неизвесен, а македонската економија и понатаму се наоѓа пред
сериозен предизвик во битката за економско заздравување.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: КОВИД-19, пандемија, македонска економија, економски мерки