Април 2021
Наслов:ЕКОНОМСКА ОТПОРНОСТ И НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Автор: Шеќеринка Ивановска,Борче Серафимовски, Меѓународен Славјански Универзитет
УДК број:338.1-021.484]:616.98:578.834} 036.21(100)”2020” * 330.55(4)”2011/2021”
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302
АПСТРАКТ: Глобалната економија во тековната и претходната година се соочува
со проблемите и последиците на пандемијата на коронавирусот (Covid 19). Во
сите сфери на економскиот, социјалниот и здравствениот живот на населението,
науката потврдува дека се констатирани потреби за нови начини, модели, методи за
истражување и однесување во вакви состојби. Евидентниот недостаток на науката од
овој вид на информации и истражувања во оваа област се очигледни и тоа бара нова
енергија за обезбедување на нови емпириски податоци. Сосојбата со пандемијата
потврди дека не постојат правила за вакви состојби, и заради тоа реакциите биле
засновани мал дел на искуствата од претходните историски пандемии, а поголем
дел на веројатноста и предвидувањето. Затоа, во овој труд правиме обид за анализа
на нови барања и нови патокази како основа за понатамошни истражувања.
Поимот и концептот на “економска отпорност” на општествениот систем
или резилиенција, се наметна како реална потреба од специфичноста на
состојбата. Во иднина се бара негово подетално дефинирање и истражување.
Непланираниот и енормен раст на државните трошоци на земјите, падот на
бруто домашниот производ (БДП), зголемување на невработеноста и контрола
на побарувачката ја зголемија потребата од истражување на овој концепт.
Влијанијата на пандемијата на вкупната економска, социјална и здравствена
активност бараат решенија кои треба да го потиснат и минимизираат влијанието
на вирусот, да се постигне максимизирање на економската отпорноста на
системот и минимизирање на ризикот врз поединецот.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: економија, отпорност, пандемија, БДП, невработеност,
еластичност
