Април 2021
Наслов:ПРОЦЕСОТ НА НОСЕЊЕ ОДЛУКИ ЗА КУПУВАЊЕ КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА СЕМЕЈНОТО КУПУВАЊЕ
Автор: Јулијана Силјаноска,Силвија Николоска,Теодора Ристеска, Меѓународен Славјански Универзитет
УДК број:339.186:316.362.3(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302
АПСТРАКТ: Анализата на потрошувачите вклучува истражување за тоа
кој купува, што купува, зошто купува, како донесува одлуки за купување,
кога купува, каде купува и колку често купува. Отворениот пристап кон
потрошувачите е императив на денешниот диверзифициран глобален пазар,
така што организацијата може да го идентификува и да му служи на целниот
пазар, да го минимизира незадоволството на потрошувачите и да остане пред
конкуренцијата. Колку е поголем бројот на членови на семејството, толку е
поголема сумата на пари што мора да се потроши за купување на најпотребните
средства за егзистенција. Конечно, перцепцијата за идните економски услови
влијае на подготвеноста за купување.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: потрошувачи, одлуки за купување, семејно купување