Notice: wpdb::prepare е неточен. The query does not contain the correct number of placeholders (2) for the number of arguments passed (3). За повеќе информации погледнете Откривање грешки во WordPress. (Оваа порака беше додадена во верзијата 4.8.3.) in /home/slavinst/public_html/konferencii/wp-includes/functions.php on line 4139
Втор ден од Меѓународниот филозофски дијалог: исток-запад – Конференциски Центар

Втор ден од Меѓународниот филозофски дијалог: исток-запад

Прв меѓународен филозофски дијалог: исток-запад на тема „Наука и религија“
2 септември 2015
Се одржа седмиот Меѓународен дијалог: исток-запад
15 април 2016

Во Скопје, Свети Николе и Охрид од 2 до 4 септември се одржува ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ФИЛОЗОФСКИ ДИЈАЛОГ ИСТОКЗАПАД – СИМПОЗИУМ НА ТЕМА „НАУКА И РЕЛИГИЈА“ со учество на истакнати филозофи од Русија, Велика Британија, Србија, Хрватска, БиХ, Грција, Албанија и Македонија.

Од 2 до 4 септември во Скопје, Свети Николе и Охрид за првпат се одржува Меѓународен филозофски дијалог „ИСТОК – ЗАПАД“ на тема „Наука и религија“. На конференцијата учество имаат истакнати научници и филозофи од Русија, Велика Британија, Србија, Хрватска, БиХ, Грција, Албанија и Македонија, а настанот е во организација на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Меѓународиот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе и Филозофско друштво на Македонија. Симпозиумот го отвори академик Владо Камбовски, кој во МАНУ беше домаќин на првата работна сесија од симпозиумот. Линк до написот:

11988608_1045029062174506_8688710973097320263_n 11947426_1045029092174503_4974056510402595518_n 11218815_1045029285507817_159531418788624520_n

 Втората работна сесија започна со обраќањето на ректорот на Меѓународиот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, професор д-р Душан Николовски:

 „Комплексните прашања за односот на науката и религијата заслужуваат посебно внимание во денешни услови, кога човекот секојдневно се запрашува за смислата на сопственото постоење и за природата на нештата.“ 

11148738_1045427682134644_2322361897830282836_n 11949365_1045427988801280_3990918482237021815_n 11947673_1045425662134846_4587994351465033221_n 11954693_1045427772134635_7362443916748008176_n 11951270_1045425985468147_1140056436512619791_n

На втората сесија, свои излагања имаа Игор Евлампиев – професор на Факултетот за историја на руската филозофија на Универзитетот во Санкт Петербург, Марија Селак – професор на Факултетот за филозофија на Универзитетот во Загреб, Миколај Славковски – предавач на катедра за филозофија во Универзитетот во Оксфорд, Ристо Солунчев – професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и останати учесници кои со своите научни погледи допираат до практичните филозофски прашања кои го засегаат секој современ човек.

Симпозиумот продолжува утре во Охрид, и се предвидува да заврши со потпишување на Декларација за мир која ќе биде предадена на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, со надеж дека истата ќе биде пренесена до сите членки на Обединетите Нации.