Аплицирање и доставување на трудот
Пријавувањето за учество на конференцијата потребно е да го направите со внесување на информациите во формуларот подолу.
Откако ќе го пополните формуларот, Уредувачкиот Одбор во рок од 7 работни дена ќе Ве извести за прифаќањето на трудот на електронската адреса која ја имате оставено. Ве молиме Вашиот труд да биде прилагоден на техничките услови на конференцијата.
Доколку постојат технички грешки во прикачување на Вашите податоци, ќе бидете контактирани на адресата за електронска пошта што ја имате оставено или на Вашиот телефонски број.
По доставувањето на трудот, доколку не добиете одговор во рок од 7 работни дена на електронската адреса која ја имате оставено, Ве молиме контактирајте нè на еден наведените телефонски броеви. За секој случај, Ве молиме претходно проверете го Вашето Spam или Junk сандаче.
Ве молиме пополнете го овој формулар најдоцна до 30.05.2023. После горенаведениот рок, формуларот нема да биде достапен.
Забелешка:
Трудовите на учесниците на конференцијата ќе бидат издадени во публикација по одржувањето на конференцијата. Примероците од списанието на учесниците ќе им бидат доставени по пошта на адресата која ќе ја наведат во барањето.
Уредувачкиот одбор го задржува правото за избор на статиите. Конференцијата ќе се одржи на 09 и 10 јуни 2023 година во Mayberry Lake Hotel во Претор.