ЗДРАВСТВЕНИ НАРУШУВАЊА КАЈ РАБОТНИЦИ ВО ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА

ЕКО-ИНДУСТРИСКИТЕ ПАРКОВИ ЕФЕКТИВНА АЛАТКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ ИНКЛУЗИВЕН И ОДРЖЛИВ ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈ
1 април 2022
НИВО НА РАБОТНА ПЕРФОРМАНСА ВО ОДНОС НА ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО ДИЗАЈН НА РАБОТНО МЕСТО
1 април 2022

Април 2021
Наслов:ЗДРАВСТВЕНИ НАРУШУВАЊА КАЈ РАБОТНИЦИ ВО ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА
Автор: Слободан Бундалевски, Синиша Цветковиќ,  Меѓународен Славјански Универзитет
УДК број:331.445:613]:677-057.15}:303.62
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ:Мускулно-скелетните нарушувања претставуваат една од најголемите
причини за појава на привремена неспособност за работа, а загубата која
настанува како резултат на овие болести, влијае на поединецот, на организацијата
и на општеството како целина. Лошите услови за работа, како и отсуството на
ефективна програма за спречување на повредите, резултира со многу висока
стапка на болести на мускулно-скелетниот систем. Во овој труд е извршено
испитување, со цел да се открие, дали постои статистички сигнификантна
разлика во однос на појавата на мускулно-скелетните нарушувања поврзани
со работата, помеѓу работниците кои работат на работно место шивач во
текстилна индустрија и административните работници. Користен е прашалник
со 8 симптоми, а резултатите од статистичката анализа потврдија дека постои
статистички сигнификантна разлика во однос на присуството на симптоми, како
што се: болка, непријатност, вкочанетост или трнење, помеѓу испитаниците од
двете групи.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: Мускулно-скелетни нарушувања, текстилни работници