ВЛИЈАНИЕТО НА КРЕАТИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ВРЗ ИНОВАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

НАЈЧЕСТИ ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ НАРУШУВАЊЕТО НА ЗДРАВЈЕТО
1 април 2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ПРЕКУ ЗГОЛЕМЕНО УЧЕСТВО НА ВРАБОТЕНИТЕ
1 април 2022

Април 2021
Наслов:ВЛИЈАНИЕТО НА КРЕАТИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ВРЗ ИНОВАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН
Автор: Синиша Цветковиќ, Меѓународен Славјански Универзитет
УДК број: 338.121:001.895]:331.101.262(497.7:497-
15)”2020”
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Концептот на креативната економија денес се применува кај
различни активности и професии и интензивно станува важен сектор во рамките
на глобалната економија, особено во контекст на иновативното општество
засновано на знаење. Во рамките на овој труд, користени се податоци од
излезните резултати на Глобалниот иновациски индекс (The Global Innovation
Index (GII)) 2020, со кои се врши анализа и оценка на влијанието на креативниот
потенцијал врз иновациските перформанси на Северна Македонија во однос на
националните економии на земјите од Западен Балкан и блиското окружување.
Очекувањата се добиените сознанија да овозможат согледување на состојбите
во овој домен, од каде би произлегле одредени сугестии за идните правци на
делување и предлози за формулирање на стратегии и политики во насока на
подобрување на амбиентот за поддршка, развој и унапредување на креативниот
и иновацискиот потенцијал на националните економии.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: креативна економија, знаење, иновации, глобален
иновациски индекс