ВАЖНОСТА НА ДОЖИВОТНОТО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈОТ НА ДИГИТАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

АНАЛИЗА НА СТАВОВИТЕ НА ОСНОВЦИТЕ ЗА ОНЛАЈН НАСТАВАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
21 мај 2022
ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА СТУДИРАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРЕКУ ФОРМИРАЊЕ ЦЕНТРИ ЗА ПОДДРШКА НА СТУДЕНТИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
21 мај 2022

Април 2021
Наслов:ВАЖНОСТА НА ДОЖИВОТНОТО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈОТ
НА ДИГИТАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ
Автор: Горица Поповска Налевска,МСУ „Г. Р. Державин“ Свети Николе – Битола,Р. Северна Македонија
УДК број:37.018.48* 37.018.43:004]:616.98:578.834* 37.011.3-051:[37.018.43:004}:616.98:578.834
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Развојот и унапредувањето на концептот на доживотно учење е
неопходно за успешна транзиција кон општество и економија втемелена на
знаење. Во последниве години, се позастапено е мислењето дека формалното
(традиционално) образование не одговара на потребите на младите за „новата
писменост“ што „дојде“ со „нова технологија“.
Пандемијата предизвикана од Ковид 19 отвори многу прашања за начинот на
функционирање на образовниот процес, но најмногу проблеми беа поврзани со
подготвеноста на наставниците за соочување со дигиталната настава. Преминот од кабинетска настава во дигитална настава не е воопшто едноставен зафат, поради тоа што освен соодветна техничка инфраструктура ја наметна и потребата од одредено ниво на познавање дигитални вештини и компетенции, но и педагошки вештини потребни за новиот менаџмент во училницата. Оттука фокусот на овој научен труд е ставен на потребата од професионален развој на наставниците за развивање на нивните дигитални компетенции.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: доживотно учење, наставници, дигитални компетенции,
професионален развој