УЛОГАТА НА БРАНИТЕЛОТ ВО ПОСТАПКАТА ЗА СПОГОДУВАЊЕ

ВИДОВИ СПОГОДУВАЊЕ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА
19 мај 2022
САНКЦИИ ВО СЛУЧАЈ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА- МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ, КОМПАРАТИВНА ПРАКСА И ПОСТОЈНИ РЕШЕНИЈА ВО РСМ
18 мај 2022

Април 2021
Наслов:УЛОГАТА НА БРАНИТЕЛОТ ВО ПОСТАПКАТАЗА СПОГОДУВАЊЕ
Автор: Марија Гроздановска, Факултет за правни науки,МСУ „Г. Р. Державин“ Свети Николе – Битола,Р. Северна Македонија
УДК број:343.121.4:[343.144:343.242
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ:
Во постапката за спогодување и донесување на пресуда врз основа
на склучена спогодба како субјекти учествуваат: јавниот обвинител, обвинетиот
(најчесто заедно со неговиот бранител) и судот. Субјектите во постапката за
спогодување треба да имаат еднакви преговарачки позиции, тие се должни
да обезбедат законитост и правна сигурност, да ги почитуваат меѓународните
стандарди за човекови права, како што е правото на фер судење, содржано
во чл.6 од Европската конвенција за човекови права. Помеѓу субјектите на
спогодувањето треба да се изгради систем на доверба и заемно почитување, а
преговарањето треба да биде на професионален, етички, чесен и компетентен
начин, што претпоставува претходна добра обученост за учество во постапки
за спогодување. Едно од основните права на обвинетиот во целокупната
постапка за спогодување е правото на адекватна правна заштита од страна на
професионален бранител.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:
бранител, обвинет, спогодба, санкција, човекови права