САНКЦИИ ВО СЛУЧАЈ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА- МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ, КОМПАРАТИВНА ПРАКСА И ПОСТОЈНИ РЕШЕНИЈА ВО РСМ

УЛОГАТА НА БРАНИТЕЛОТ ВО ПОСТАПКАТА ЗА СПОГОДУВАЊЕ
18 мај 2022
ВИДОВИ СПОРОВИ ПОГОДНИ ЗА РЕШАВАЊЕ СО МЕДИЈАЦИЈА
18 мај 2022

Април 2021
Наслов:САНКЦИИ ВО СЛУЧАЈ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА-МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ, КОМПАРАТИВНА ПРАКСАИ ПОСТОЈНИ РЕШЕНИЈА ВО РСМ
Автор: Оливера Крстевска-МСУ „Г. Р. Державин“ Свети Николе – Битола,Р. Северна Македонија; Александар Крстевски-Општина Куманово, Р. Северна Македонија
УДК број:342.72/.73.037:341.24. * 342.73/.73.037(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ:
Во светот не постои еден единствен модел за заштита на правата на
човекот. Иако меѓународните стандарди на правата на човекот, воспоставуваат
jus cogens обврска за сите држави и субјекти на меѓународното право за
санкционирање на било каков вид на дискриминација, сепак сите тие имаат
одредени специфичности при примена на овие стандарди. Сите стандарди кои
се донесуваат од страна на меѓународните тела се стандарди кон кои треба да се
приджуваат сите држави при санкционирање на дискриминација, но моментот на
носење на решение за санкционирање на дискриминација се разликува од држава
до држава. Преку овој труд ќе се даде одговор на прашање дали позитивните
регулативи и предвидените санкции во РСМ се придржуваат до меѓународните
стандарди за човековите права?
Следејќи го искуството на напредното компаративно законодавство во
последните неколку години, ни се дава можност за следење на трендот на развој
на антидискриминаторско законодавство во РСМ, кој е поврзан со донесување
на Законот за спречување и заштита од дискриминација од 2019 година. Со овој
закон разработена е материјално-правна и процесно-правна рамка за сузбивање
на секаков облик на дискриминација во РСМ, што претставува конзистентна
елаборација и институционализација на веќе постоечките релевантни
меѓународни стандарди за правата на човекот. Достапните емпириски показатели
покажуваат на фактот дека правните субјекти во РСМ недоволно го користат
овој правен механизам за борба против дискриминација и дека постоечката
правна пракса сеуште недоволно остварува правна заштита на жртвите од
дискриминација. Различни фактори го детерминираат ваквиот исход, но доколку
сакаме да постигнеме успех во сузбивање на дискриминација, потребно е
постојано да се вложува труд и постојано да се унапредувааат важечките прописи
како и да се спроведува едукација за создавање на културна толеранција спрема
другите што во РСМ претставува предизвик од суштинска природа.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:
дискриминација, заштита од дискриминација, остврување
еднаквост, судска заштита и надомест на штета