ПРОБАЦИЈА

CYBERBULLYING
19 мај 2022
ПРАВИЛА ЗА ОДМЕРУВАЊЕ КАЗНА
19 мај 2022

Април 2021
Наслов:ПРОБАЦИЈА
Автор: Верка Костовска, Основен суд ,Тетово,Р. Северна Македонија
УДК број:343.265.2:340.13(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ:
Превенцијата на криминалот е важна и одговорна задача за сите
повикани институции, а пред се на кривично правниот систем. Тие помалку или
повеќе успешно постојано водат борба за намалување бројот на рецидивистите-
повторници во извршување на кривични дела и се потешките нови облици
на криминални дејствија кои оставаат тешки и често трагични последици. Со
поострување на казнената политика, по правило се доведува до изрекување на
построги санкции, подолги казни затвор, а тоа пак за последица има пренатрупаност на затворите и заголемување на негативните последици на казната затвор, тешки затворски депривации. Токму поради тоа во казнената политика на европските замји, па и на светско ниво, се повеќе се придава значење на пробацијата и пробациските служби. Голема надеж во рехабилитацијата и надзорот, во намалување на негативните ефекти од казната затвор, се очекува од изрекувањто на санкции и мерки кои ќе се спроведат со помош на пробациските служби, а истовремено ќе помогнат и во одмерувањто на праведна индивидуализирана санкција спрема конкретен сторител. Дали и колке е имплементиран и прифатен овој систем во секојдневното постапување на домашните судови,ќе се обидеме да одговориме преку една анализа на можностите на законскате регулатива и практичната примена. Колку судовите имаат верба во пробацискиот систем и дали и колку ги   користат можностите од пробациската работа во текот на постапката.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:
пробација, превенција, криминалитет, алтернативна санкција, надзор