ПРАВИЛА ЗА ОДМЕРУВАЊЕ КАЗНА

ПРОБАЦИЈА
19 мај 2022
СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО КРИВИЧНОТО ЗАКОНОДАВСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
19 мај 2022

Април 2021
Наслов:ПРАВИЛА ЗА ОДМЕРУВАЊЕ КАЗНА
Автор:  Верка Костовска,Основен суд, Тетово, Р. Северна Македонија
УДК број:343.8(497.7) * 343.242(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ:
Казненото право во согласност со начелото на законитост го регулира
режимот на санкции. Уставното начело на законитост го обврзува законодавецот
покрај определување на казните и другите санкции како вид , времетраење,
услови за изрекување, попрецизно да ги определи и – пропише и правилата
за одмерување на казните и другите санкции. Со промените во општеството,
правната мисла и новите облици на организиран криминал, следувале и промени
во режимот на казните во нашиот национален казнен систем, како и во казнените
системи на другите држави. Видот на казни, нивната законска рамка и сите
други механизми и правила кои ги пропишува самиот закон се од влијание за
остварување на целите на казнување. Одмерувањето на казната е нераскинливо
поврзано со остварувањето на тие цели, па затоа целиот тој систем како елемент
на еден мошне сложен и одговорен интелектуален процес, е дел од судската
постапка чиј краен резултат или ќе ја задоволи правдата или ќе предизвика
нови незадоволства и криминални дела. Правилно одмерената казна влијае на
јакнење на довербата во судовие, во владеењето на правото, во правдата. Од тие
причини правилата за одмерување казна се од интерес и за судската постапка и
за странките во постапката и за јавноста, тие треба да даваат доволна можност за
индивидуализација на казната.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:
казна, Кривичен законик, одмерување казна, законски правила