ЛОГОАТА, НИВНИТЕ БОИ И ФОРМИ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЛИЧНОСТА НА ЛУЃЕТО

PSYCHOLOGY IN THE JAPANESE ORIGIN COMBAT SKILLS AND ARTS AND THEIR APPLICATION WITHIN THERAPEUTIC PURPOSES
20 мај 2022
НАРУШЕНИЯ ПОВЕДЕНИЯ КАК БАЗИСНЫЙ РЕСУРС ПРИ ФОРМИРОВАНИИ АВТОБИОГРАФИЧЕСКОЙ ПАМЯТИ У ДОШКОЛЬНИКОВ
20 мај 2022

Април 2021
Наслов:ЛОГОАТА, НИВНИТЕ БОИ И ФОРМИ И НИВНОТО
ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЛИЧНОСТА НА ЛУЃЕТО
Автор: Јасна Салих,Маркетинг компанија 4 Виртус – Скопје,Р. Северна Македонија;Мирослав Пендароски,МСУ „Г. Р. Державин“ Свети Николе – Битола,Р. Северна Македонија
УДК број:159.937.51:659.126]:159.923
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Во оваа студија авторите го анализираа влијанието на логото врз
личноста на корисниците преку нивната форма, боја и типографија и низ студиозен
научно-истражувачки и теоретски приод детално ја експлорираа темата од
интерес. Авторите како пример за поддршка на изнесените тези го разбработија
логотo на Гугл (Google) заедно со анализа на употребените бои според теоријата
на Ангела Рајт (Angela Wright). Покрај значењето на логоата, авторите се осврнаа
и на психолошкото значење на Гугл цртежите. Исто така, во овој научен труд
авторите се осврнаа и на значењето на психологијата на боите како основа за
сите влијанија на боите врз личноста на луѓето. Научниот труд низ приказ на две
најрелевантни истражувања ги поткрепува своите тези и сознанија за оваа ,многу
значајна гранка како во општата психологија, психологијата на личноста така и
врз психологијата на маркетингот и потрошувачкото општество, со тоа давајќи
значаен придонес во оваа речиси необработувана тема на нашите простори.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: лого, маркетинг, бои