КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

АНКСИОЗНОСТ КАЈ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛНА ПАНДЕМИЈА ОД SARS – COV 2 (COVID – 19)
8 јуни 2022

Април 2021
Наслов:КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ
Автор: Катерина Андонова
ООУ „Страшо Пинџур” – Карбинци,Р. Северна Македонија
УДК број:37.014.12-027.511(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Образованието не започнува во прво одделение. Постои глобален
консензус дека образованието во раното детство за децата на возраст од 3 до
6 години е пресудно за учењето и развојот на мозокот. Ова не значи академско
учење – развојот на „некогнитивните вештини“, како на пр., интелектуална
љубопитност, истрајност, социјални вештини и емотивна стабилност во
детството и адолесцентските години се подеднакво важни за успехот на децата
во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при
вработувањето.
Сепак, иако земјата бележи подобрување кај запишувањето во градинка од 22%
во 2012 година на 35% во 2017 година, тоа е далеку зад целната стапка на ЕУ од
95%. Ова значи дека две третини од децата во земјата ја пропуштаат оваа можност
за исполнување на својот потенцијал.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: живот, успех, учење, развој, знаење, промени