КРИТЕРИУМИ ЗА РАЗВОЈ НА ИНДИКАТОРИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА

ИНДИКАТОРИ ЗА УСПЕШНОСТ КАКО ПРЕТСКАЖУВАЧИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
1 април 2022
НАЈЧЕСТИ ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ НАРУШУВАЊЕТО НА ЗДРАВЈЕТО
1 април 2022

Април 2021
Наслов:КРИТЕРИУМИ ЗА РАЗВОЈ НА ИНДИКАТОРИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА
Автор: Лидија Јолевска-Буревска, Слободан Бундалевски, Сузана Зиковска,  Меѓународен Славјански Универзитет
УДК број:331.45:005.216.1
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Истражувањето на можностите за проценка на големите несреќи
како и ризиците на компаниите, се базираат на индикаторите за безбедносни
перформанси. Индикаторите на безбедноста при работа се наменети да обезбедат
информации за избор на безбедносните перформанси на компанијата. Збирот на
овие индикатори им помага на менаџерите и вработените во компанијата да се
фокусираат на важните фактори кои влијаат на ризикот и му помагаат на оние кои
утврдуваат, колку добро компанијата управува со контролата на ризиците и дали
има подобрување со текот на времето. Безбедностa при работа и индикаторите
на безбедносните перформанси треба да бидат избрани по мерка на компанијата
која треба да ги користи, но исто така треба да бидат генерално применливи и
недвосмислени кога се користат од страна на лицата кое одлучуваат. Во трудот
извршена е анализа на прегледот од клучните перформансни индикатори, кој треба
да информира за насоките на развој и создавање на специфични перформансни
индикатори за безбедноста во процесот и за развој на клучните перформансни
индикатори (KPI). Исто така дадени се насоките на развој според искуството на
други комании.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: Индикатори за безбедносни перформанси, Клучни
перформансни индикатори, Менаџмент на безбедноста