КОРУПЦИЈАТА КАКО НЕГАТИВЕН СЕГМЕНТ ВО РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕДНО ОПШТЕСТВО

ЗАКОНОДАВСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И БОРБАТА СО МЕЃУНАРОДНИОТ ТЕРОРИЗАМ
19 мај 2022
ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА МЕДИЈАЦИЈА ВО ГРАЃАНСКИТЕ СПОРОВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
19 мај 2022

Април 2021
Наслов:КОРУПЦИЈАТА КАКО НЕГАТИВЕН СЕГМЕНТ ВО РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕДНО ОПШТЕСТВО
Автор: Шејнаси Мемети, Јетмир Мемети, Р. Северна Македонија
УДК број:343.352:321.7 * 343.352(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ:
Се поставува една дилема, па и прашање во смисла на тоа, дали
воопшто вреди да се зборува или се пишува за корупцијата и митото, ова пред
се поради фактот дека и покрај тоа што се зборува и пишува, сепак разултатите
изостануваат. Поради тоа, со овој труд ќе се настојува до одреден степен се
придонесе до некое ниво, да се детерминират негативностите, кои влијаат во
развојот на едно современо демократско општество.Се работи за една комлексна
појава, која е присутна во секојдневниот живот во едно општество, а нејзините
носителите се многубројни. Со овој труд ќе се обидеме да докажеме дека појавата на корупцијата во последните три децении на тлото на Р.С.Македонија има претежно криминална позадина, и високо затскриена под плаштот на актуелни политики и организирани криминални групации, кои пак се надоврзани и заштитени од одредена власт, што детерминира негативности во подривање на економската основица, како и нарушување на демократските процеси и интегрирањето на земјата во Европската унија. Во трудот ќе биде даден одговор на прашањата, зашто корупцијата е причина за сите други зла, а воедно се објасни и генезата на корупцијата како закана по развојот на едно демократско општество.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:
корупција, мито, криминал, демократско општество,
Европска унија, правен поредок, РС Македонија, демократски процеси