ФЕНОМЕНОТ НА ТИШИНА ВО ГРУПА

“PRUNING” ПРОЦЕС, САМОКОНТРОЛА И КАПАЦИТЕТ НА ВНИМАНИЕ
21 мај 2022
СПЕЦИФИЧНОСТИ НА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ
21 мај 2022

Април 2021
Наслов:ФЕНОМЕНОТ НА ТИШИНА ВО ГРУПА
Автор: Мирослав Пендаровски,МСУ „Г. Р. Державин“ Свети Николе – Битола,Р. Северна Македонија; Александра Жежова Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,Р. Северна Македонија
УДК број:364.622-785.24:316.772.2-026.571
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Тишината е еден од најважните аспекти на невербалната комуникација,
вид на невербална комуникација која е особено присутна во почетните фази
од групната психосоцијална работа. Заедно со вербализацијата, тишината во
групата претставува еден од најважните динамски двигатели на невербалната
комуникација меѓу членовите на една група. Тишината е всушност мошне
сложен групен феномен, кој не претставува само отсуство на говор, туку многу
повеќе значи некаква порака, став на групата, мислење и чувство кон членовите,
водачот, целите на групата или кон општата атмосфера во групата. Во овој нау;ен
труд авторите ги разгледуваат психолошките феномени на тишината во групната
психосоцијална работа.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: тишина, психосоцијална група, водач