АНАЛИЗА НА СТАВОВИТЕ НА ОСНОВЦИТЕ ЗА ОНЛАЈН НАСТАВАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПСИХОЛОГИЧЕСКИЕ ФАКТОРЫ ФОРМИРОВАНИЯ ЦИФРОВОЙ КОМПЕТЕНЦИИ БУДУЩЕГО ПЕДАГОГА
21 мај 2022
ВАЖНОСТА НА ДОЖИВОТНОТО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈОТ НА ДИГИТАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ
21 мај 2022

Април 2021
Наслов:АНАЛИЗА НА СТАВОВИТЕ НА ОСНОВЦИТЕ
ЗА ОНЛАЈН НАСТАВАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Автор: Фроска Смилкова,ООУ „Маршал Тито“ – с.Муртино, Струмица
Р. Северна Македонија
УДК број:37.018.43:004(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Новата средина создадена од ИКТ, предводена од Интернетот, влијае
на промените во областа на образованието, суштински менувајќи го процесот
на образование и традиционалните методи на настава. Во последните децении,
употребата на разни технологии и дигитални медиуми создаде нови алатки и
методи за пренос на знаењето. Денес, местото од кое се образува едно лице не
мора да биде училиштето или друга образовна институција, туку тоа може да
биде од дома, од работа или кое било друго место. Ова се различни варијанти на
учење на далечина со помош на технологија и Интернетот, и со употреба на разни
методи и алатки, како што се материјалите за е-учење, предавања преку Интернет
или Веб-венари, е-книги, социјални мрежи итн.
Оттука, учењето подразбира употреба на електронски медиуми и технологија во
служба на образованието, односно информатички и комуникациски технологии
(ИКТ) во спроведувањето на образовниот процес. Кога процесот на настава
целосно се потпира на употребата на интернетот со посредство на ИКТ, тогаш
станува збор за една од формите на далечинско образование, т.е. онлајн настава.
Може да се разликуваат четири начини на организирање на наставата: настава
во училница (без технологија), настава во училница поддржана од технологија,
мешана организирана настава (училница и онлајн) и настава преку Интернет.
Истражувањето за ставовите на учениците за онлајн образование во С. Македонија
произлезе од потребата да се пристапи кон темата за учење од далечина преку
преглед на нивните очекувања, техничка подготвеност и подготвеност да научат
и да напредуваат на овој начин, посебно имајќи ја предвид сегашната сосотојба
со глобалната пандемија предвизикана од ковид-19 во нашпатра земја.
Резултатите од истражувањето ќе имаат корист за сите оние кои се вклучени во
процесот на спроведување на онлајн настава и дека ќе овозможи подобар трансфер на знаење во ова време на глобална пандемија која го зафати целиот свет.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: образование, настава, онлајн, техмологија, интернет