Warning: The magic method Vc_Manager::__wakeup() must have public visibility in /home/msuedumk/public_html/konferencii.msu.edu.mk/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-manager.php on line 203

Warning: Attempt to read property "count" on null in /home/msuedumk/public_html/konferencii.msu.edu.mk/wp-includes/class-wp-term-query.php on line 806
Во МАНУ денес започна Петтиот меѓународен филозофски дијалог - Конференциски Центар

Во МАНУ денес започна Петтиот меѓународен филозофски дијалог

На МСУ во Свети Николе се одржа јубилејната десетта Меѓународна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК – ЗАПАД“
19 април 2019
Во Битола продолжи Петтиот меѓународен филозофски дијалог
3 октомври 2019

11 врвни филозофи од универзитети од Полска, Грција, Хрватска, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, присуствуваа на отворањето на Петтиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“, кое денес се одржа во МАНУ, со почеток од 11:00 часот. Во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Филозофското друштво на Македонија од 2-ри до 4-ти октомври 2019 година се одржува Петтиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“.

Свои обраќања имаа академик Владо Камбовски од МАНУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ, проф. д-р Иван Џепароски, раководител на Институт за филозофија при УКИМ и претседателот на Филозофско друштво на Македонија, Љупчо Митковски. Излагања имаа проф. д-р Јозеф Нижник, професор во Институтот за филозофија и социологија во Полската академија на науките, проф. д-р Иван Џепароски, раководител на Институт за филозофија при УКИМ и проф. д-р Бошко Караџов, професор по филозофија.

Годинешна тема на собирот е „Кризата на идејата за Европа“. На овој настан учество земаат истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од Полска, Грција, Хрватска, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Дијалогот се одржува во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид. На 3-ти октомври (четврток) дијалогот продолжува во Битола, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин”, со почеток во 10 часот. Собирот завршува со последната сесија на 4-ти октомври (петок) во Охрид, во Куќата на Уранија (МАНУ), со почеток во 10 часот.