Повик за учество

Почитувани колеги,

Ве покануваме да учествувате на 9-тата меѓународна научна конференција «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД» (со објавување на трудовите во истоименото меѓународно списание), која ќе се одржи во Свети Николе, Р. Македонија, во периодот од 20-ти до 21-ви април, 2018 година.

Кликнете на сликата за да го преземете Информативното писмо во pdf формат.

Како и секоја година, конференцијата е со меѓународен Организациски и Уредувачки Одбор од следниве држави: Македонија, Србија, Русија, Бугарија и Босна и Херцеговина.