Во Битола продолжи Петтиот меѓународен филозофски дијалог

Во МАНУ денес започна Петтиот меѓународен филозофски дијалог
2 октомври 2019
Во Охрид заврши Петтиот филозофски дијалог „ИСТОК-ЗАПАД“
6 октомври 2019

Денес во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола продолжи вториот дел од Петтиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“. Оваа година тема на симпозиумот е „Кризата на идејата за Европа“.



На денешната сесија свои излагања пред присутните имаа проф. д-р Драган Проле, професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад, проф. д-р Ристо Солунчев, професор на Филозофскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Евангелос Пропопападакис, професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Атина од Грција и проф. д-р Милан Ѓорѓев, продекан за наука и интернационална соработка на Теолошкиот факултет при УКИМ,
Утре ќе се одржи последната сесија од дијалогот во конференциската сала на City Palace Hotel во Охрид, со почеток во 10 часот.