На Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се одржа јубилејната десетта Меѓународна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК – ЗАПАД“ која е во заедничка организација со Тамбовскиот државен Универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија. Преку организирање на оваа научна конференција имаме за цел заеднички да придонесеме за развојот на научната мисла, да инспирираме размена на идеи и искуства помеѓу земјите учеснички на конференцијата, да ги потикнеме и мотивираме научно – истражувачките активности.
Сите трудови на учесниците ќе бидат објавени во научно списание „Меѓународен дијалог: ИСТОК – ЗАПАД“, во издание на официјалната издавачка куќа на Универзитетот, Меѓународен Центар за Славјанска Просвета (МЦСП) – Свети Николе. Работната сесија на конференцијата е организирана во работни секции, а беа опфатени следниве области:
Конференцијата „Меѓународен дијалог: ИСТОК – ЗАПАД“ започна да се одржува во 2010 година , во Свети Николе. На нашата веб страница konferencii.msu.edu.mk се прикачени информациите за сите одржани Конференции почнувајќи од 2010 година, па се до денес и се забележува дека низ годините, „Меѓународен дијалог: ИСТОК – ЗАПАД“ бележи се поголем број на учесници од се повеќе земји. На конференцијата пристигнаа над 160 трудови од повеќе од 200 научни работници од над 20 земји од целиот свет.
На конференцијата во Свети Николе своите трудови ги претставија научни работници од приватните и државните универзитети во Република Северна Македонија, но и од други универзитети, надвор од земјава:
Организациски одбор:
Уредувачки одбор:
Технички раководител на конференцијата:
М-р Милена Спасовска