Warning: The magic method Vc_Manager::__wakeup() must have public visibility in /home/msuedumk/public_html/konferencii.msu.edu.mk/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-manager.php on line 203

Warning: Attempt to read property "count" on null in /home/msuedumk/public_html/konferencii.msu.edu.mk/wp-includes/class-wp-term-query.php on line 806
Меѓународен дијалог - 2017 - Конференциски Центар

Меѓународен дијалог – 2017

Меѓународен дијалог: исток-запад – 2017 година
осма меѓународна научна конференција


Датум на одржување: 28 и 29 април 2017
Место на одржување: Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе
Број на автори: 183
Број на трудови: 153
Број на земји: 7
ISSN print: 1857-9299
ISSN online: 1857-9302


Научни списанија:

  1. Економија, безбедносно инженерство, архитектура и дизајн, информатика, екологија.pdf
  2. Право и политикологија.pdf
  3. Филозофија, лингвистика, културологија.pdf
  4. Психологија, образование, медицина.pdf

Организационен одбор:

претседател: доц. д-р Јордан Ѓорчев – Р. Македонија
заменик претседател: д-р Стромов Владимир Јуревич, Русија
член: м-р Борче Серафимовски – Р. Македонија


Уредувачки одбор:

Проф. д-р Душан Николовски, Македонија
Доц. д-р Александар Илиевски, Македонија
Проф. д-р Мирослав Крстиќ, Србија
Проф. д-р Момчило Симоновиќ, Србија
Проф. д-р Тодор Галунов, Бугарија
Проф. д-р Даниела Тасевска, Бугарија
Доц. д-р Хаџиб Салкич, Босна и Херцеговина
Проф. д-р Татјана Осадчаја, Русија
Доц. д-р Вера Шунаева, Русија


НАУЧНИ НАСОКИ:

Право и политикологија:

  1. Теорија и историја на државата и правото, уставно право
  2. Граѓанско право, граѓански и арбитражен процес
  3. Kривично право и постапка
  4. Меѓународните односи и светската политика
  5. Политичките институции процеси и технологии
  6. Административно право и јавна администрација
  7. Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија
  8. Финансии и деловно право
  9. Човекот и општеството: граѓанското општество во постсоцијалистичките земји
  10. Од партиите на власт кон партиски проекти: партиските системи во постсоцијалистичките земји
  11. Судир на интереси: политичките и воените конфликти во постсоцијалистички простор
  12. Нови глобални групирања – интересни сфери и геополитички доктрини во светот
  13. Поларизацијата и кризата како стратегија која поттикнува тероризам
  14. Новиот светски поредок како стратешка перспектива или критичко пишување на историјата
  15. Европската унија, поларизацијата исток-запад и владеењето со промените

Економија:

  1. Промените во опкружувањето и економската ефикасност во компаниите во Македонија
  2. Глобалната економија и новите економско-политички перспективи
  3. Промени и влијанија на пазарот на трудот врз кредитирањето
  4. Нови фискални и глобални трендови за стабилизација на економиите
  5. Агенда на менаџментот на човечки ресурси и мигрантските движења
  6. Интернационалниот карактер на промените и градење одржлив економски развој
  7. Финансиските институции и новите глобални трендови во кредитната политика
  8. Нови практики во сметководството и ревизијата во електронските бизниси
  9. Предизвици на современиот маркетинг во пазарната економија
  10. Нови содржини на маркетинг трендови во социјалните и дигиталните медиуми
  11. Современите економии низ призмата на новите економски и политички случувања
  12. Социо-економски проблеми на современото општество и начинот на нивното решавање
  13. Информациски технологии во економијата и бизнисот
  14. Теоретски и применети аспекти на меѓународната соработка на Русија и Македонија
  15. Организациски дизајн и концепција на развој

Психологија и образование:

  1. Крос-културни димензии на менталните растројства и интеграциски процеси на мозинството и малцинството во етнички мешовити заедници
  2. Психолошки аспекти на неизлечивите болести
  3. Анксиозност, депресија и ризик од суицид кај младите – причини, третман и превенција
  4. Изложеност на насилство на вулнерабилни групи во различни животни циклуси: преваленца, ризици и последици
  5. LGBT родителство – истополови родители и нивните деца
  6. Од вулнерабилност до резилиентост – психотерапевтски пристапи
  7. Позитивна психологија за подобар квалитет на живот
  8. Современи трендови во организациска психологија
  9. Мултидисциплинарен пристап во работа со деца со посебни потреби
  10. Улогата на училиштето и другите воспитно-образовни фактори кои влијаат во формирањето на вредносните системи и моралниот развој кај надарените деца
  11. Модернизација на образованието наспроти традиционалните модели на образование
  12. Стереотипите во медиумите и нивното влијание врз конструкцијата и сфаќањето на социокултурната реалност
  13. Социјалната перцепција и елементи на социокултурна конструкција на жената
  14. Професионалниот развој кај адолесцентите, потешкотии во донесување на професионални одлуки, адаптибилност и конструкција на кариера
  15. Примена на когнитивните стилови на учење кај креативните ученици во процесот на наставата

Филозофија, лингвистика, културологија:

  1. Културата, идентитетот (културен, транскултурен, мултикултурен) и вредностите
  2. Филозофијата и општеството
  3. Филозофијата, културата и обликувањето на погледот на светот
  4. Етика и историја на филозофијата – традиција, меморија, идентитет
  5. Oпштото и индивидуалното во толкувањето и разбирањето на литературата и творештвото
  6. Интеркултурализмот и филозофијата на јазикот
  7. Јазикот и јазиците: лингвистички универзализам наспроти лингвистички релативизам
  8. Јазикот и конституирањето на значењата низ културните и општествените процеси
  9. Јазикот и толкувањето: херменевтичката перспектива во филозофијата и во книжевноста
  10. Дијалогизмот, интертекстуалноста и книжевното творештво
  11. Јазикот, културата и активноста на преведувањето
  12. Плурилингвизмот и современите јазични политики
  13. Современите лингво-културолошки тенденции
  14. Хуманизмот како цел на литратурното и уметничкото творештво
  15. Компаративна анализа на културата на градови во Македонија

Безбедносно инженерство, архитектура и дизајн, информатика:

  1. Алгоритми и биоинформатика
  2. Географски информациони системи
  3. Информатички и комуникациски технологии – основа за воведување значителни промени во процесот на образование и обука
  4. Теоретски компјутерски науки
  5. Технички и технолошки фактори на безбедност при работа и безбедност од пожари
  6. Економска суштина на безбедноста при работа
  7. Имплементацијата на директивите на ЕУ во областа на безбедност при работа и безбедност од пожари
  8. Правни форми за безбедноста на здравјето при работа и безбедност од пожари
  9. Ергономски заштитни фактори
  10. Безбедносен систем за управување со професионалното здравје
  11. Медицински, социјални и психолошки аспекти на здравјето и безбедноста при работа
  12. Актуелните проблеми на модерната архитектура и дизајн
  13. Историја на архитектурата, споменици на архитектурата
  14. Перспективи на архитектурата
  15. Теоретски аспекти на архитектурно-дизајнерската работа

Медицина и екологија:

  1. Mедицинско-социјални аспекти на превенцијата на најзастапените незаразни заболувања
  2. Превенција на болести кои имаат големо социо-економско значење и предизвикуваат значајни економски загуби и социјални деформации
  3. Значењето на примарната превенција со цел да се спречи појава на болести
  4. Едукација на населението, особено на младите, за техниките на водење здрав начин на живот
  5. Влијание на генетски модифицирана храна врз здравјето на луѓето
  6. Современа алтернативна медицина
  7. Имунизација на населението: состојби, предизвици и приоритети
  8. Стареењето на населението – предизвик за јавното здравје
  9. Човековото здравје како еколошки проблем
  10. Здравјето во макро и микро екосистемите
  11. Еколошко управување со медицински отпад
  12. Зелените технологии како фактор на одржлив развој во современото општеството
  13. Улогата на науката и образованието во формирањето на нова еколошка етика во општеството
  14. Социјалните и еколошките проблеми на современото општество
  15. Здравствена безбедност на водата, храната и диететските производи
[/vc_column]