Warning: The magic method Vc_Manager::__wakeup() must have public visibility in /home/msuedumk/public_html/konferencii.msu.edu.mk/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-manager.php on line 203

Warning: Attempt to read property "count" on null in /home/msuedumk/public_html/konferencii.msu.edu.mk/wp-includes/class-wp-term-query.php on line 806
Филозофски дијалог - 2019 - Конференциски Центар

Филозофски дијалог – 2019

11 врвни филозофи од универзитети од Полска, Грција, Хрватска, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, присуствуваа на отворањето на Петтиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“, кое на 2-ри октомври 2019 се одржа во МАНУ, со почеток од 11:00 часот. Во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Филозофското друштво на Македонија од 2-ри до 4-ти октомври 2019 година се одржа Петтиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“.

Свои обраќања имаа академик Владо Камбовски од МАНУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ, проф. д-р Иван Џепароски, раководител на Институт за филозофија при УКИМ и претседателот на Филозофско друштво на Македонија, Љупчо Митковски. Излагања имаа проф. д-р Јозеф Нижник, професор во Институтот за филозофија и социологија во Полската академија на науките, проф. д-р Иван Џепароски, раководител на Институт за филозофија при УКИМ и проф. д-р Бошко Караџов, професор по филозофија.

Темата на собирот беше „Кризата на идејата за Европа“. На овој настан учество земаат истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од Полска, Грција, Хрватска, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Дијалогот се одржа во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид.

 На 3-ти октомври (четврток) во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола продолжи вториот дел од Петтиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“. Оваа година тема на симпозиумот е „Кризата на идејата за Европа“.



На сесијата свои излагања пред присутните имаа проф. д-р Драган Проле, професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад, проф. д-р Ристо Солунчев, професор на Филозофскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Евангелос Пропопападакис, професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Атина од Грција и проф. д-р Милан Ѓорѓев, продекан за наука и интернационална соработка на Теолошкиот факултет при УКИМ.

Во конференциската сала на Hotel Palace Garden во Охрид заврши Петтиот филозофски дијалог „ИСТОК-ЗАПАД“.

На последната сесија од дијалогот, на 4ти октомври (петок), свои излагања имаа проф. д-р Дарко Џого од Босна и Херцеговина, проф. д-р Дејан Донев и г. Љубомир Гајдов од Северна Македонија и проф. д-р Георгиос Илиополус од Грција.