Документи:
Истакнати научни работници и филозофи од Полска, Србија, Македонија и Бугарија се собраа на вториот меѓународен филозофскидијалог: ИСТОК-ЗАПАД. Организатори на настанот беа Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Филозофско друштво на Македонија, со поддршка на МАНУ.
Првата работна сесија се одржа во Македонската академија на науките и уметностите, на петти октомври. На шести октомври дијалогот продолжи на Славјански во Битола а на седми октомври се одржа третата сесија во Охрид.