Notice: wpdb::prepare е неточен. The query does not contain the correct number of placeholders (2) for the number of arguments passed (3). За повеќе информации погледнете Откривање грешки во WordPress. (Оваа порака беше додадена во верзијата 4.8.3.) in /home/slavinst/public_html/konferencii/wp-includes/functions.php on line 4139
Меѓународен дијалог: исток-запад – Конференциски Центар

Меѓународен дијалог: исток-запад

Меѓународната научна конференција „Меѓународен дијалог: исток-запад“ е во заедничка организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе • Битола и Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија.

Преку организирање на оваа научна конференција имаме за цел  заеднички да придонесеме за развојот на научната мисла, да инспирираме размена на идеи и искуства помеѓу земјите учеснички на конференцијата, да ги поттикнеме и мотивираме научно-истражувачките активности.

На конференција  „Меѓународен дијалог: исток-запад“ со свои научни трудови досега имаат учествувано автори од Македонија, Русија, Србија, Бугарија, Белорусија, Узбекистан, Киргистан и Казахстан што претставува потврда за меѓународниот карактер на конференцијата.

Работната сесија на конференцијата е организирана во работни секции, со кои управуваат раководители на секциите.

Сите трудови на учесниците се објавуваат во научно списание „Меѓународен дијалог: исток-запад“  ISSN print: 1857-9299 и ISSN online: 1857-9302, во издание на официјалната издавачка куќа на универзитетот, Меѓународниот центар за славјанска просвета (МЦСП) – Свети Николе.