АНКСИОЗНОСТ КАЈ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛНА ПАНДЕМИЈА ОД SARS – COV 2 (COVID – 19)

КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ
8 јуни 2022
ПСИХОЛОГИЧЕСКАЯ БЕЗОПАСНОСТЬ ДЕТЕЙ В ПЕРИОД ПАНДЕМИИ
8 јуни 2022

Април 2021
Наслов:АНКСИОЗНОСТ КАЈ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО УСЛОВИ НА
ГЛОБАЛНА ПАНДЕМИЈА ОД SARS – COV 2 (COVID – 19)
Автор: Кристина Лазаревска,Ивица Бојовски,Наташа Ефтимовска Отовик,
Република Северна Македонија
УДК број:616.891.6:616-051-057]:616.98:578.834(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ:
Предмет: Предметот на истражувањето беше да се утврди појавата и нивото на
анксиозност кај здравствените работници во Република Северна Македонија.
Колку пандемијата со корона вирусот влијае на појавата на анксиозност и
зголемен стрес кај нив, дали истите се плашат од вирусот, колку се загрижени од
заразување на себе и најблиските.
Цел: Целта на истражувањето беше да открие дали постои соодветна конекција
помеѓу моменталната состојба со пандемијата и зголемување на нивото на
анксиозност кај медицинските работица.
Примерок: За потребите на истражувањето беа дистрибуирани прашалници
до 140 здравствени работица од различни делови на државата. Анкетата
беше извршена на испитаници кои работата во примарното, секундарното и
терцијалното здравство.
Методи: Анкетниот прашалник кој беше дистрибуиран електронски до сите
испитаници содржеше прашања од скалата на Back односно BAI скалата со вкупно
21 тврдења (симптоми карактеристични за анксиозност).
Резултати: Истражувањето покажува дека испитаниците во последните седум
дена најмногу се сензитивни на ставот од корона вирусот односно дека ќе
бидат заразени и ќе заразат некој од своите најблиски, иритабилноста односно
нервозата, но и чувството на несигурност. Ова истражување меѓу другото
открива и дека кај здравствените работници кои учествуваа во анкетата повеќе се
забележува сензибилност на психосоматските отколку на соматските симптоми
на анксиозност.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: анксиозност, симптоми, здравствени работници, SARS – Cov -2