ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА СТУДИРАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРЕКУ ФОРМИРАЊЕ ЦЕНТРИ ЗА ПОДДРШКА НА СТУДЕНТИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

ВАЖНОСТА НА ДОЖИВОТНОТО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈОТ НА ДИГИТАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ
21 мај 2022
УЛОГАТА НА УЧИЛИШТЕТO ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА МАЛОЛЕТНИЧКИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
21 мај 2022

Април 2021
Наслов:ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА СТУДИРАЊЕ
НА СТУДЕНТИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
ПРЕКУ ФОРМИРАЊЕ ЦЕНТРИ ЗА ПОДДРШКА
НА СТУДЕНТИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Автор: Горица Поповска Налевска, Анита Ристеска,МСУ „Г. Р. Державин“ Свети Николе – Битола,Р. Северна Македонија
УДК број:376.091-056.26/.36:364-787.7(4)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Еден од приоритетите на Европската Унија во областа на високото
образование претставува градењето на инклузивен и поврзан систем на високо
образование. Инклузијата во високото образование значи поголема вклученост
на недоволно претставените групи и групите со посебни потреби во процесот на
високото образование. Полека се напушта пристапот дека високообразовниот
процес треба да биде само елитистички и ексклузивен, и постепено се свртува
кон демократски и инклузивен. И покрај соодветните законски предуслови
кои декларативно обезбедуваат спроведување на разумно прилагодување на
образовниот систем кон индивидуалните потреби на лицата со попреченост,
младите со попреченост се одлучуваат да студираат во помала мера. Една
од причините е несоодветниот систем за поддршка во контекст на високото
образование. Следејќи го примерот и позитивните искуства од европските
држави од формирањето и работата на Центрите за поддршка на студентите со
попреченост во трудот презентираме модел на Центар за подршка на студентите
со попреченост кој може да биде имплементиран во склоп на универзитетите и
факултетите во нашата земја.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: студенти со попреченост, инклузија, високо образование,
Центри за поддршка