Април 2021
Наслов:СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО КРИВИЧНОТО ЗАКОНОДАВСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Автор: Верка Костовска,Основен суд Т,етово, Р. Северна Македонија
УДК број:364.63-027.553:343.3/.7(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302
АПСТРАКТ:
Семејното насилство како негативна општествена појава не е
нешто ново, непознато, ниту пак ретка појава која има незначително учество
во животот на луѓето. Но вниманието на општеството кон оваа појава и нејзино
санкционирање е од понов датум. Главна карактеристика на казнено-правниот
систем во Република Северна Македонија е построга казнена политика во однос
на семејното насилство. Таа се манифестира преку пропишување построги
казни за кривични дела што се сторени при вршење семејно насилство и гонење
за овие кривични дела по службена должност, што значи од страна јавниот
обвинител. Во голем број законодавства семејното насилство се санкционира
како негативна општествена појава како посебно кривично дело, а во нашето
национално кривично законодавство семејното насилство е инкорпорирано
како квалификаторна околност кај одредени кривични дела. Последиците од оваа
социо патолошка појава се тешки како по физичкото така и по психичкото здравје
на луѓето, поради што имплементацијата на постојната законска регулатива
и нејзино унапредување и усогласување со меѓународните акти и стандарди
заслужува посебно внимание.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:
семејство, семејно насилство, Кривичен законик, санкција