СВРШУВАЧКАТА ВО ПОЗИТИВНОТО МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ИНСТИТУТОТ СВРШУВАЧКА СО СТРАНСКИ ЕЛЕМЕНТ
18 мај 2022
АРБИТРАЖНА КЛАУЗУЛА ВО ДВОСТРАНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
27 април 2022

Април 2021
Наслов:СВРШУВАЧКАТА ВО ПОЗИТИВНОТО МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Автор: Наташа Најденова – Левиќ,  Шејнаси Мемети, Р.Северна Македонија
УДК број:392.4:341.9(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ:
Македонското меѓународно приватно право не содржи колизиони
правила за определување на меродавното право за свршувачка. Свршувачката во
Република Северна Македонија не е правна установа, но има определени правни
последици доколку дојде до нејзино престанување, односно раскинување.
Оваа правна празнина може да се надополни со примена со соодветни одредби
од нашиот ЗМПП, и тоа во однос на определувањето на меродавното право
за материјалните претпоставки за склучување на свршувачка, за формата на
свршувачката, правните последици од раскинување на свршувачката и деликтното
право. Новиот Закон за меѓународно приватно право кој стапи во сила на 18
февруари 2021 година, во однос на применливите одредби и предвидените точки
на врзување, во голема мера е усогласен со правото на ЕУ.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:
свршувачка, колизиони правила, меѓународно приватно право