ДЕЦА НА УЛИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И НИВНАТА РАНЛИВОСТ ВО ОДНОС НА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЧЛЕН 6 ОД ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ
27 април 2022
ГЕОЕКОНОМИЈАТА И ГЕОЕКОНОМСКИТЕ ДЕТЕРМИНАНТИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
27 април 2022

Април 2021
Наслов:ДЕЦА НА УЛИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНАМАКЕДОНИЈА И НИВНАТА РАНЛИВОСТ ВО ОДНОС НА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ
Автор: Нада Донева, Универзитет „Гоце Делчев” Штип
УДК број:343.431:364.682.42-053.2(497.7)
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ:
И покрај тоа што Република Северна Македонија се профилира како
потписничка и држава која ги ратификувала најзначајните документи кои на
меѓународно ниво ги штитат правата на човекот, особено документите чија цел на
донесување е заштита на правата на детето, сепак, состојбата на национално ниво
е алармантна и повикува на здружена општествена акција за длабоко навирање
во проблемите кои раѓаат деца на улица и изнаоѓање на ефективни насоки и
мерки за нивно надминување и оттргнување на децата кои скоро во декој град
ни посакуваат добредојде на најфреквентните улици. Овие деца се најдостапен
плен на организираните мрежи на трговци со луѓе, кои ги инволвираат во своите
криминални активности по пат на нивна експлоатација во различни облици.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:
трговија со луѓе, права на детето, деца на улица, жртви на
тргување со луѓе, експлоатација.