ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА КАКО ВАЖНА АЛАТКА ВО ПРОМОЦИЈАТА НА АКТИВНОСТИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ВРЕМЕ НА КОВИД-19 ПАНДЕМИЈАТА

КАПИТАЛИЗМОТ ВО СОВРЕМЕНАТА ЕКОНОМИЈА И ИДЕИТЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ЕКОНОМИСТ ПИКЕТИ
22 март 2022
ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА РУСКАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА РОСНЕФТ
22 март 2022

Април 2021
Наслов:ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА КАКО ВАЖНА АЛАТКА
ВО ПРОМОЦИЈАТА НА АКТИВНОСТИТЕ НА ЛОКАЛНАТА
САМОУПРАВА ВО ВРЕМЕ НА КОВИД-19 ПАНДЕМИЈАТА
Автор: Тане Димовски, Меѓународен Славјански Универзитет
УДК број:35.073.533[616.98:578.834(497.7)”2019/2020”
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Односите со јавноста се важен дел од функционирањето на единиците
на локалната самоуправа, пред се, во делот на доближувањето на услугите на
граѓаните во локалната заедница каде што живеат. Со почетокот на пандемијата
Ковид -19 и брзото ширење низ целата земјина топка, Република С.Македонија,
исто како и останатите држави во светот, започна борба со новата непозната чума
на 21 век. Една од насоките во борбата против пандемијата беше и избегнувањето
на контакт со луѓето или пак намалување на контактите и завршување на задачите
преку интернет, односно он-лајн. Токму тоа беше и причината за префрлање и
максималното користење на интернетот од страна на единиците на локалната
самоуправа, односно социјалните медиуми, кои како алатка најмногу наидоа на
прием на службите за односи со јавноста во единиците на локална самоуправа, а
граѓаните најлесно доаѓаа до посакуваните услуги.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: односи со јавноста, единици на локална самоуправа,
комуникација, пандемија ковид-19