КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКОТО УЧЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА

СОВРЕМЕНА ЕКОНОМИЈА (НЕВРОЕКОНОМИЈА) ВИДОВИ СТРАТЕГИИ
22 март 2022
CHANGES IN THE STRUCTURE OF EMPLOYEES IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA IN THE PERIOD 2004 – 2016, CONDITION AND IMPLICATIONS
21 март 2022

Април: 2021
Наслов: КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКОТО УЧЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Страници: 27-36
Автор: Самоил Малчески, Меѓународен Славјански Универзитет
УДК број: 334.722:37(497.7:4-672ЕУ)“2014/2020
ISSN (принт) 1857-9299
ISSN (онлајн) 1857-9302

АПСТРАКТ: Во последните две декади претприемништвото се повеќе завзема
замав, како во рамки на ЕУ, така и во Република Македонија. Воглавно пецепцијата
е дека претприемништвото е двигател во процесот на основање на микро, мали
и средни претпријатија, кои се крвотокот на секоја национална економија.
Оттука, се наметнува потребата преку сет на мерки и активности да се стимулира
развојот на претприемнишптвото и да се поддржуваат претприемачките потфати.
Националните влади на ниво на ЕУ се повеќе се посветуваат на формулирањето
на правилни политики за развој на претприемништвото и поддршка на
претприемачкото учење. Во однос на Република Македонија, треба да се напомене
дека како земја аспирант за членство во Европската Унија во континуитет треба
да ги усогласува своите политики и стратешки документи со оние на Европската
Унија. Во самиот процес на усогласување на политиките мора да се изготвуваат
и анализи на постојните состојби кои ќе имаат за цел да се утврди моменталната
состојба и да се дадат насоки за понатамошни постапување во процесот на
хармонизација на евроспските практики, акти и политики со оние во Република
Македонија. Главен фокус на овој труд е претприемачкото учење, т.е. политиките
и стратегиите за претприемачко учење на ниво на ЕУ и Република Македонија.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: претприемништво, претприемачко учење