Филозофски дијалог – 2018

Во организација на МАНУ, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Филозофското друштво на Македонија од 3 до 5 октомври 2018 година се одржува 4-тиот Меѓународен филозофски дијалог на тема „Биоетиката на крстопат“.

На овој собир учество земаат дваесетина врвни и истакнати светски филозофи и научници од областа на биоетиката од 7 земји (Канада, Русија, Грција, Албанија, Хрватска, Србија и Македонија). Ова е еден од најзначајните научни собири во земјата и регионот, судејќи според квалитетот на учесниците.

На 04.10.2018 година во просториите на МСУ „Г. Р. Державин“ во Битола ќе бидат одржани наредните работни сесии. Работниот дел од собирот завршува на 05.10.2018 година во Куќата на Уранија во Охрид.

На првата работна сесија од симпозиумот, свои излагања имаа проф. д-р Дејан Донев, проф. д-р Александра Деаноска – Трендафилова, проф. д-р Елена Игновска од Македонија, и д-р Зоран Тодоровиќ од Србија. На втората работна сесија активно учество земаа д-р Јана Чернова од Русија, проф. д-р Костас Теологлу од Грција, проф. д-р Жељко Калуѓеровиќ од Србија и проф. д-р Денко Скаловски од Македонија.

Во „Куќата на Уранија“ во Охрид заврши 4тиот меѓународен филозофски дијалог „ИСТОК-ЗАПАД“.
 
Последната сесија на дијалогот се одржа на 6-ти октомври со излагањата на д-р Дарија Рупчиќ Келам, проф. д-р Амир Музур и доц. д-р Ива Ринчиќ од Хрватска, проф. д-р Мајкл Џорџ од Канада, доц. д-р Евангелос Протопападакис од Грција, проф. д-р Бардил Чипи од Албанија и проф. д-р Трајче Стојанов од Македонија.
Тема на симпозиумот оваа година е „Биоетиката на крстопат“, а е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Филозофското друштво на Македонија (ФДМ).
Постер: