Денес Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе беше домаќин на деветтата по ред меѓународна научна конференција – МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД со приближно 200 учесници.
На конференцијата освен истакнати научни работници од повеќето универзитети во Македонија, присуствуваа и претставници од:
- Тамбовски државен универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Тамбов, Русија;
- Липецки педагошки државен универзитет од Липецк, Русија;
- Великотрновски универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Велико Трново, Бугарија;
- Паневропски универзитет „Апеирон“ од Бања Лука, БиХ;
- Универзитет „ВИТЕЗ“ од Травник, БиХ;
- Факултет за политички науки од Виена, Австрија;
- Универзитет „Кадри Зека“ од Косово;
- Филозофски факултет од Ниш, Србија
- Универзитетот од Ел Пасо, Тексас – САД
- Здружение Одржлив развој за Бугарија од Софија, Бугарија
- Варненски слободен универзитет „Черноризец храбар“, Бугарија
- Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија
Паралелно со конференцијата денес беа организирани и две изложби –
- Mеѓународната изложба „Свет, живот, уметност” со преку 900 уметнички дела на уметници од целиот свет
- Изложба „Власите во Македонија“ проследена со настапи со влашки песни.