Во Охрид заврши меѓународниот филозофски дијалог „Исток – Запад“

Започна Третиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“
5 октомври 2017
IX меѓународна конференција – МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД
20 април 2018

Последната сесија од Третиот меѓународен филозофски дијалог се одржа денес, 6-ти октомври, во Куќата на Уранија, Охрид.

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“​ и Филозофското друштво на Македонија од 4-ти до 6-ти октомври во Македонија се одржува Третиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“.

Годинешна тема на собирот е „Филозофија на образованието и филозофија во образованието“. На овој настан замаат учество истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од Франција, Русија, Србија и Македонија. Дијалогот се одржува во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид.

Отворањето се одржа во МАНУ на 4-ти октомври, со почеток во 12 часот. На 5 октомври (четврток) дијалогот продолжи во Битола, во просториите на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин, со почеток во 11 часот.