Во МАНУ свечено отворен 4-тиот Меѓународен филозофски дијалог на тема „Биоетиката на крстопат“

IX меѓународна конференција – МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД
20 април 2018
Филозофскиот дијалог продолжи на Славјански во Битола
4 октомври 2018

Во организација на МАНУ, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Филозофското друштво на Македонија од 3 до 5 октомври 2018 година се одржува 4-тиот Меѓународен филозофски дијалог на тема „Биоетиката на крстопат“.

Свеченото отварање се одржа денес во МАНУ со почеток од 11:00 часот по што продолжи работниот дел од собирот со првата сесија. Денес со свои излагања настапија академик Георги Старделов, академик Владо Камбовски, проф. д-р Ивица Келам (Хрватска), проф. д-р Марија Тодоровска и Љубомир Гајдов.

Пред присутните со поздравен говор се обрати и д-р Јордан Ѓорчев, претседателот на Управен Одбор на МСУ.

На овој собир учество земаат дваесетина врвни и истакнати светски филозофи и научници од областа на биоетиката од 7 земји (Канада, Русија, Грција, Албанија, Хрватска, Србија и Македонија). Ова е еден од најзначајните научни собири во земјата и регионот, судејќи според квалитетот на учесниците.

На 04.10.2018 година во просториите на МСУ „Г. Р. Державин“ во Битола ќе бидат одржани наредните работни сесии. Работниот дел од собирот завршува на 05.10.2018 година во Куќата на Уранија во Охрид.