Notice: wpdb::prepare е неточен. The query does not contain the correct number of placeholders (2) for the number of arguments passed (3). За повеќе информации погледнете Откривање грешки во WordPress. (Оваа порака беше додадена во верзијата 4.8.3.) in /home/slavinst/public_html/konferencii/wp-includes/functions.php on line 4139
Меѓународен дијалог – 2011 – Конференциски Центар

Меѓународен дијалог – 2011

Меѓународен дијалог: исток-запад – 2011 година
втора меѓународна научна конференција


Датум на одржување: 17 и 18 март 2011
Место на одржување: Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе
Број на автори: 85
Број на трудови: 80
Земји на учесници: Македонија, Русија, Белорусија, Бугарија и Србија
ISBN: 978-608-4559-04-7



Организационен одбор:

претседател: доц. д-р Јордан Ѓорчев – Р. Македонија
заменик претседател: проф. д-р Нина Коваљ – Русија
член: проф. д-р Јован Дамјановски – Р. Македонија
член: проф. д-р Јордан Михајловски – Р. Македонија
член: проф. д-р Душан Николовски – Р. Македонија
член: проф. д-р Наталија Сафонова – Русија
член: проф. д-р Стојан Пржовски – Р. Македонија
член: м-р Борче Серафимовски – Р. Македонија


Уредувачки одбор:

доц. д-р. Душан Николовски – Р. Македонија
проф. д-р Јован Дамјановски – Р. Македонија
проф. д-р Стојан Пржовски – Р. Македонија


Научни насоки:

Култура и славјанство:

  1.  Кирилометодиевската традиција-цивилизациски код на Славјаните во релација со современоста, Славјанската преродба во XIX век, како дел од големата културна синтеза на западната цивилизација

  2. Духовноста како парадигма во меѓукултурната комуникација исток-запад
  3. Кризата во културата на крајот на XX и почетокот на XXI век, причини, последици и потреба од нова интегративна идеја и вредности во дијалогот исток-запад
  4. Дострелот на науката, филозофијата и уметноста кај Славјаните, споредба и сличности во целите и значењето, со западната наука и мисла
  5. Глобализацијата како визија за свет без граници, премостување на меѓукултурниот дијалог исток-запад, проблеми и перспективи

Економија: 

  1. Светската економска криза и нејзината рефлексија во славјанските земји
  2. Економските односи на релација исток-запад, нова економска дипломатија
  3. Енергетиката и  славјанските земји
  4. Европската унија и интегративните процеси и односи