IX меѓународна конференција – МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД

Во Охрид заврши меѓународниот филозофски дијалог „Исток – Запад“
6 октомври 2017
Во МАНУ свечено отворен 4-тиот Меѓународен филозофски дијалог на тема „Биоетиката на крстопат“
3 октомври 2018
Денес Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе беше домаќин на деветтата по ред меѓународна научна конференција – МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД со приближно 200 учесници.
На конференцијата освен истакнати научни работници од повеќето универзитети во Македонија, присуствуваа и претставници од:
  • Тамбовски државен универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Тамбов, Русија;
  • Липецки педагошки државен универзитет од Липецк, Русија;
  • Великотрновски универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Велико Трново, Бугарија;
  • Паневропски универзитет „Апеирон“ од Бања Лука, БиХ;
  • Универзитет „ВИТЕЗ“ од Травник, БиХ;
  • Факултет за политички науки од Виена, Австрија;
  • Универзитет „Кадри Зека“ од Косово;
  • Филозофски факултет од Ниш, Србија
  • Универзитетот од Ел Пасо, Тексас – САД
  • Здружение Одржлив развој за Бугарија од Софија, Бугарија
  • Варненски слободен универзитет „Черноризец храбар“, Бугарија
  • Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија
Паралелно со конференцијата денес беа организирани и две изложби –
  • Mеѓународната изложба „Свет, живот, уметност” со преку 900 уметнички дела на уметници од целиот свет
  • Изложба „Власите во Македонија“ проследена со настапи со влашки песни.